Шкендија и Беса се победниците на денот во ПМФЛ

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, со 1-0 со гол на Бесарт Ибраими победи против Пелистер, и остана на челната позиција после 23 кола.

Тетови имаат пет бодови повеќе од Гостивар кој се спасуваше од пораз и одигра 2-2 со Брера Струмица, а втор може да биде Силекс ако го победи Вардар во мечот кој започна подоцна, затоа што Црвено-црните имаа дупната гума на автубусот со кој патуваа до Кратово.

Во Струга, домаќните со гол во финишот победија 1-0 против езерскиот ривал Воска спорт, а Беса која е последна на табелата, изненади со ефикаснста и со 3-2 победи на „Чаир“ против Шкупи, па скопскиот тим сега има два порази по ред откако пред тоа имаше серија од пет победи. Утре играат Работнички – Тиквеш.

- Оглас -

Најнови вести