Шкендија ја совлада Брера во Струмица со 3-2, со што тетовци им се вратија на победите откако во претходните две кола освоија само еден бод, додека за струмичани заврши серијата од четири меча по ред без пораз.

Двата гола на Фад Ндзенге не беа доволни за Брера да остане барем непоразена. Овој фудбалер од Габон при 1-3 не искористи пенал во 63-тата минута, но седум минути подоцна се извади со убав гол кој прво беше поништен, а по проверка во ВАР-собата, се утврди дека е регуларен.
Струмичани второ коло по ред играат ефикасен меч на кој и даваат и примаат барем два гола. Во судиското продолжение Брера имаше две шанси, но не постигнаа гол.
Шкендија имаше комотни 2-0 по првото полувреме, стрелци беа Фитон Адеми и ексиграчот на Брера, Ване Крстевски. За Крстевски тоа беше прв погодок сезонава, и тоа против својот некогашен клуб.
Сега Шкендија има 24 бода, исто колку и второпласираниот Вардар, кој има еден меч помалку, дербито со Силекс кое се игра попладнево од 17 часот во Скопје.

 
                                    