3.8 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Шкендија и да загуби на Кипар, има 95 отсто шанси да влезе во плејофот за осминафинале

Гостувањето вечерва кај кипарскиот АЕК Ларнака во Конференциската лига на Шкендија може да ѝ донесе многу, а тоа се пари и пласман во нокаут-фазата на ова натпреварување.

Македонскиот првак дури и со пораз од клубот во кој прв стрелец во историјата е Македонецот Иван Тричковски може да игра во плејофот за осминафинале, симулациите на суперкомпјутерот покажаа дека шансите за тоа се пресметани дури на 95 проценти. Шкендија нема шанса да влезе меѓу осумте најдобри и директно да влезе во осминафинале, но речиси сигурно ќе биде од 9-тото до 24-тото место, што носи уште минимум два меча на европска сцена.

На АЕК му треба победата за да се најде во Топ 8, па на тетовци нема да им биде лесно, но јасно е дека на ова ниво нема лесни мечеви и ќе биде потребна голема борба. Шкендија досега нема играно против тим од Кипар.

- Оглас -

Најнови вести