Шкендија и Македонија Ѓорче Петров најголеми добитници од колото во ПМФЛ

Денешното коло во првата македонска фудбалска лига донесе едно големо изненадување, Шкупи во Скопје загуби од веќе испаднатата Беласица. За струмичани ова е само четврта победа сезонава, а со поразот Шкупи веројатно се прости од намерата да ја брка првопласираната Шкендија, која со гол на Бесарт Ибраими триумфираше против Академија Пандев.

Киксот на чаирчани го искористија ѓорчепетровци. На Лавовите им одговара и ремито во Струга бидејќи сега имаат шест бода плус во борбата за места кои водат во европските купови. Пелистер губеше со 0-2 по 20 минути против Силекс, но направи голем пресврт и победи.

Без победник заврши и мечот на арената „Тодор Проески“, каде што Вардар и Ренова, кои се борат за опстанок, одиграа 1-1 со голови во првото полувреме.

РЕЗУЛТАТИ, 28 КОЛО: Македонија Ѓорче Петров – Борец 2-1, Пелистер – Силекс 3-2, Шкендија – Академија Пандев 1-0, Шкупи – Беласица 0-1, Струга Трим Лум – Работнички 1-1, Вардар – Ренова 1-1.

Води Шкендија со 62 бода, пред Шкупи со 49, Македонија ЃП има 47, Струга 41, Работнички 40, Пелистер 35, Борец 33, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова и Вардар по 28, а Беласица е последна со 17.

- Оглас -

Најнови вести