Со дуелите Македонија ЃП – Шкендија и Работнички – Башкими, денеска од 17 часот продолжува второто коло во Првата македонска фудбалска лига.
Актуелниот шампион Шкендија во пресрет на новиот европски предизвик со Лудогорец во плеј-офот за Лига Европа, ќе мора да ја одработи и домашната задача, а Лавовите од Ѓорче Петров ќе се обидат да ја искористат ситуацијата што тетовци секако со дел од мислите ќе бидат фокусирани токму на европскиот дуел.
На Националната арена „Тодор Проески“, Работнички го пречекува Башкими. Во првото коло и двата тима освоија по еден бод.
Според квотите кои ги одреди Sport Life, Шкендија и Работнички се умерени фаворити на денешните мечеви од Првата МФЛ.
