12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Шкендија и Силекс се огромни фаворити на денешните дуели од Првата лига (Фото)

Шампионот Шкендија и Силекс имаат релативно лесни задачи на денешните два натпревари од Првата фудбалска лига, последни од 13-тото коло во домашниот шампионат. Двата меча се закажани од 13 часот.

Шкендија на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП, која вчера остана без тренерот Бобан Грнчаров и спортскиот директор Александар Бајевски, а фудбалерите од првиот тим добија клупски суспензии. Клубот најверојатно ќе настапи со младински состав во Тетово.

Силекс исто така е огромен фаворит против Шкупи, кој е последнопласиран и досега има освоено само еден бод во првенството.

- Оглас -

Најнови вести