19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Шкендија и ТНС ќе играат продолженија

Македонскиот првак Шкендија и велшкиот шампион ТНС ќе мора да играат дополнителни 30 минути продолженија, во кои евентуално треба да се одлучи победникот во двомечот, тимот кој ќе обезбеди пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. На првиот меч во Велс немаше голови, а вечерашниот дуел заврши 1-1 по 90 минути.

Шкендија важеше за фаворит пред почетокот на реваншот, имаше и доминација во поле, но не успеа тоа да го материјализира со втор погодок.

Фабрис Тамба донесе водство за Шкендија во 18-тата минута, но пред крајот на првиот дел израмни Џордан Вилијамс.

Во второто полувреме повторно Шкендија беше поактивен тим, но без ефект. Во 85-тата минута беше досуден пенал за Шкендија, но по прегледување на ВАР-снимката беше констатирана офсајд ситуација.

- Оглас -

Најнови вести