Квотата во Sport Life за Шкендија да го елиминира бугарскиот првак Лугодорец од 4.50, покажува дека тетовци се големи аутсајдери во овој двобој за влез во Лига Европа.
Ако Шкендија испадне од Лудогорец, есенва ќе игра шест меча во Конференциската лига, што истотака е успех за клубот и може да им донесе пари и уште некој поен за Македонија на рангирањето на УЕФА.
Денеска и утре се играат плејофите за влез во Лигата на шампионите. Квотите велат дека Црвена ѕвезда е фаворит против Пафос, а мала предност му се дава на Ференцварош против Карабах, тимовите кои ги елиминираа Лудогорец односно Шкендија.