38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Шкендија има отворен пат до групите на КЛ: Ако загуби од ФСЦБ, следува дуел против косовската Дрита

Екипата на Шкендија доколку биде елиминирана од ФЦСБ во Лигата на шампионите, настапите во фудбалска Европа ќе ги продолжи во второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа.

Тетовци ќе се вклучат директно во третото коло, а таму за противник би го имале поразениот од двомечот на шампионите на Данска и Косово, Копенхаген и Дрита. Со оглед на екипите, најверојатно тоа ќе биде Дрита, што значи дека Шкендија има отворен пат до групите на Конференциската лига.

Шкендија би била домаќин на првиот меч на седми август, додека реваншот на 14 август би се играл на теренот на Копенхаген или Дрита.

- Оглас -

Најнови вести