22.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Шкендија има предност, но квотите велат дека Лудогорец е сериозен фаворит на реваншот (Фото)

Македонскиот првак Шкендија вечерва (19.30 часот) во Разград го игра реванш натпреварот против Лудогорец од плејофот за пласман во групите од Лигата на Европа. По првиот меч Шкендија има предност од 2-1, но квотите велат дека Лудогорец е сериозен фаворит на денешниот реванш.

За победа на бугарскиот тим се „плаќа“ коефициент 1.33, додека квотата на Шкендија е огромна (.9.50).

Сепак, тоа не значи и дека Шкендија предвреме ќе се предаде. Тренерот Јетон Беќири најави голема борба.

„Немаме што да изгубиме, само можеме да добиеме. Ако одиграме на наше ниво, можеме да обезбедиме историја и пласман во Лига Европа. Лудогорец е силен ривал, со големо искуство во Европа, но фудбалот е убав токму затоа што не секогаш фаворитот победува“, истакна Јетон Беќири.

Мечот меѓу Лудогорец и Шкендија се игра од 19.30 часот на „Хувефарма Арена“ во Разград.

- Оглас -

Најнови вести