26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Шкендија ја брани серијата без пораз, Беласица се уште чека прва победа

Шкендија има шанса за двоен ќар денеска на дербито од 10. коло против Работнички и ако успее да победи ќе остане единствената екипа без пораз во Првата македонска фудбалска лига и ќе се врати на врвот на табелата.

Тетовци од 14.30 часот ќе бараат и можност за реванш против Романтичарите кои ги поразија на последното гостување со 1:0 во последното коло од ланското првенство во март, кога следеше прекин на шампионатот поради корона-вирусот.

Второто дерби се игра во Скопје меѓу два клуба што имаат титули, а Вардар и е домаќин на Ренова. Стартот и на најтрофејната екипа во Македонија, Вардар и на клубот од Џепчиште е скромен сезонава, па бодовите им се исклучително потребни за бегство од опасната зона.

Единствениот клуб во Првата лига што нема победа и по 9 кола, Беласица очајно бара излез од кризата и ќе се обиде да го изненади Борец на свој терен во Струмица.

Беласица има само едно реми и 8 порази, па Велешани се фаворити за триумф што ќе ги задржи во квартетот најдобри екипи по 10 кола.

Двојки, 10. коло од 14.30 часот:

Шкендија – Работнички

Вардар – Ренова

Беласица – Борец

Пелистер – Струга Трим Лум

Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев

Вчера: Шкупи – Силекс 1:0

 

Табела: Шкупи 22, Шкендија 21, Македонија Ѓ.П. 16, Борец 15, Струга и Силекс по 14, Работнички, Пелистер и Вардар по 11, Ренова и Академија Пандев по 7, Беласица 1 бод.

 

- Оглас -

Најнови вести