Академија Пандев и Шкендија ги добија потенцијалните противници во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Ждрепката ќе биде утре, во Нион, во 14 часот, а Шкендија ќе биде меѓу носителите, додека струмичани се во улога на неносител.
Тетовци ќе бидат во Група 5 и како носители може за ривали во првото коло да ги добијат Сабуртало (Грузија), Флоријана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла сити (БиХ) или Дечиќ (Црна Гора).
Академија Пандев ќе биде дел од Група 1 и меѓу неносителите ќе игра против една од екипите кои се носители, а тука се: Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска) и Милсами (Молдавија).
Екипата на Македонија Ѓорче Петров, која го освои Купот на Македонија, во конференциската лига ќе се приклучи во второто квалификациско коло.