19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Шкендија ќе игра најмалку уште шест европски меча, и ќе заработи околу 2 милиони евра

Шкендија се намачи и играше продолженија, но, сепак, ја оправда фаворитската улога и обезбеди пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, елиминирајќи го велшкиот шампион ТНС со вкупен резултат од 2-1. По ремито без голови на првиот меч во Велс, тетовци вечерва стигнаа до значаен европски успех.

Со оваа победа, Шкендија си обезбеди двомеч против романскиот гигант ФЦСБ во следната рунда, но уште поважно, има загарантирани уште шест европски натпревари ова лето. Во случај да биде елиминирана од ФЦСБ, екипата на Шкендија ќе продолжи во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, а евентуален нов неуспех таму ќе значи пласман во плејофот за Конференциската лига.

Покрај спортскиот аспект, Шкендија може да се надева и на значајна финансиска добивка. Ако се реализира горенаведеното сценарио, клубот ќе инкасира околу два милиони евра, сума која може дополнително да расте доколку екипата продолжи со добри резултати во кое било од европските натпреварувања.

Првиот натпревар против ФЦСБ е закажан за следната недела, а Шкендија ќе биде домаќин.

- Оглас -

Најнови вести