Шкендија ќе игра против Мура на 6 или 7 јули во Скопје, во првото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите, а потоа ќе оди на реванш во Словенија на 13 или 14 јули.
Тетовци добија интересен ривал на патот кон пласман во фазата по групи во ЛШ. Мура успеа да приреди вистински подвиг и во пследното коло на словенечкото првенство во директен дуел го победи Марибор на гостински терен и ја освои првата титула во клупската историја.
Двојки, прво квалификациско коло:
Шкендија – Мура, Конах – Алашкерт, ХЈК Хелсинки – Будуќност, Клуж – Борац Бањалука, Фола Еш – Линколн, Слован Братислава – Шамрок, Бодо Глимт – Легија, Малме – Рига, Теута – Шериф Тираспол, Динамо Тбилиси – Нефчи, Макаби Хаифа – Каират, Лудогорец – Шахтар Солигорск, Ференцварош – Квалификант, Жалгирис – Линфилд, Флора – Хибернијанс, Динамо Загреб – Валур.
Првите натпревари ќе се играат на 6 и 7 јули, а реваншите се на распоред на 13 и на 14 јули.