Четврток е резервиран за завршницата на плејофот во Лига Европа и во Конференцската лига, а меѓу нив и Шкендија која ќе се бори за најголемиот клупски успех на реваншот против Лудогорец. Шкендија е меѓу петте предлози во Квотите на денот на Sport Life. Вкупниот коефициент изнесува 57.20.
Првиот предлог е мечот меѓу Фредрикштад и Кристал Палас. Квотата на денот е 2.15, доколку англискиот тим постигне два гола, од кои најмалку еден во првото полувреме.
Шкендија му гостува на Лудогорец и квотата на денот е 2.25, ако домаќинот постигне од еден до три гола во двете полувремиња.
ПАОК се среќава со Ријека и квотата на денот е 2.15, доколку грчкиот тим слави триумф, а бидат постигнати од два до пет гола.
Брондби игра со Стразбур, а квотата на денот е 2.20, доколку двете екипи постигнат гол и има барем еден гол во првиот дел.
Јанг Бојс се среќава со Слован Братислава и квотата на денот е 2.50, ако на мечот бидат постигнати најмалку три гола, од кои еден или два во првото полувреме.
