Шкендија купува машина за голови од Словенија

Анел Хајриќ е потенцијално засилување за македонскиот шампион Шкендија во зимскиот преоден рок што ќе почне во јануари.

Младинскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина има 22 години и е вистинска машина за голови, барем според учинокот во првиот дел од сезоната.

За словенечкиот второлигаш Радомље, Хајриќ постигна неверојатни 21 гол на 17 првенствени натпревари, речиси половина од вкупниот број погодоци (44) на целиот тим.

Анел е офанзивен играч за врска, а може да игра и како полушпиц и шпиц и имаше неверојатен прв дел од сезоната во 2018 година. Пред да пристигне во тимот на Радомље, тој беше член и на Марибор и на Крањ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести