30.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Шкендија минимално до четврта првенствена победа (Видео)

Фудбалерите на Шкендија ја забележаа четвртата првенствена победа во Првата македонска фудбалска лига, откако на „Градскиот стадион“ во Тетово славеа со минимални 1-0 над Тиквеш.

Алкабнскиот интернационалец, Себастјан Спахиу, беше стрелец на единствениот погодок во 36-тата минута.

Шкендија освен четирите победи, има и две нерешени средби, па со 14 бода останува на четвртата позиција на табелата, но со натпревар помалку, оној одложениот против Работнички на гости, кој ќе се одигра во среда, а за комплетирање на седмото прволигашко коло треба да се одиграат уште четири меча.

 

- Оглас -

Најнови вести