30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шкендија мотивирана за успех против ТНС: „Добро го познаваме противникот“

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, заедно со капитенот Бесарт Ибраими, се обратија на официјалната прес-конференција пред вечерашниот натпревар против ТНС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Целосно сме подготвени за предизвикот што нѐ очекува. Од самиот почеток на подготовките работевме со сериозен пристап и целосна посветеност. Сигурен сум дека играчите ќе дадат сè од себе. Направивме детална анализа на противникот. Иако повеќето од нивните пријателски натпревари беа снимени со аматерска опрема, сепак успеавме да добиеме корисни и прецизни информации. Забележавме три до четири промени во нивниот состав, но во главно го задржале истиот систем на игра. Убеден сум дека играчите добија доволно јасни инструкции и очекувам утре да одиграат на највисоко ниво за да постигнеме позитивен резултат,“ изјави Беќири.

Капитенот Бесарт Ибраими подвлече дека тимот на ТНС им е добро познат.

„Искрено, добро го познаваме ТНС. Направивме детална анализа на нивната игра и ги знаеме и нивните силни, но и слабите страни. Имаме убави спомени од претходните средби со нив, особено од елиминацијата што ја остваривме тогаш. Ни претставува задоволство што повторно ќе се соочиме со нив и се надеваме дека ќе го повториме истиот успех,“ рече Ибраими.

ТНС и Шкендија ќе играат вечерва од 20 часот, на стадионот „Парк хол“ во Освестри.

- Оглас -

Најнови вести