Шкендија има позитивни 1-1 по првото полувреме на гостувањето кај ФЦСБ и тоа е резултат кој ако биде и на крај, ќе го однесе македонскиот првак во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, каде што ги чека Карабах.
Ако Шкендија го елиминира ФСЦБ, ќе обезбеди играње во европските купови и есенва, минимум во Конференциската лига.
Романците поведоа во 28-мата минута, со што ја неутрализираа победата на тетовци на првиот дел во овој двобој, но радоста им траеше само пет минути, во 33-тата Лиридон Љатифи одлично се снајде во мешаница по корнер за Шкендија и даде гол за израмнување. Ова е резултат кој во Шкендија со две раце би го потпишале да биде и на крај, но има уште 45 минути за играње.