5.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Шкендија на „Ваљекас“ ќе има поддршка од над 100-тина навивачи (Видео)

Повеќе од 100-тина поддржувачи на Шкендија се во Мадрид спремни да му дадат поддршка на македонскиот шампион на историското гостување кај Рајо Ваљекано во Конференциската лига.

Ова е прв меч за Шкендија во главна фаза од некое европско натпреварување и  многумина „Балисти“ не сакаа да го пропуштат, па отидоа до главниот град на Шпанија.

Според шпанските медиуми, во Мадрид наводно има навивачи на Шкендија кои се без влезници.

Навивачите на Шкендија со силна полициска придружба, мирно се упатија кон стадионот и веќе се сместија на трибината.

- Оглас -

Најнови вести