17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Шкендија не бега од фаворитската улога против Велшаните

Екипата на Шкендија е фаворит против велшки Хаверфордвест, а тренерот Ардијан Нухиу и играчот Енур Тотре се оптимисти дека оваа пречка од квалификациите во Конференциската лига ќе биде прескокната.

„Во клубот сум веќе 40 дена, се запознавме подобро. Можам да кажам дека новите играчи се одлични засилувања, но им треба време за адаптација. Околу составот ќе одлучам по вечерашниот последен тренинг“ – рече тренерот Нухиу кој меѓу редови најави дека преодниот рок не е завршен и можно да донесат уште нови играчи во следниот период.

Тотре е еден од главните играчи и голем оптимист пред двобојот со Велшаните.

„Во минатото кога претходно бев дел од Шкендија, за малку не се пласиравме во групната фаза. Овој тим на Шкендија има квалитет да оствари таков успех. На подготовките во Словенија верувам дека ја постигнавме целта во врска со воигрувањето“ – изјави Тотре.

- Оглас -

Најнови вести