Шкендија нека му ја мисли, „динамичното дуо“ Сон и Кејн направија нешто невидено (Видео)

Тотенхем на четири дена пред мечот со Шкендија во Скопје, го покажа целиот свој офанзивен раскош, а формата во која се наоѓаат Хари Кејн и Хеунг-мин Сон треба да ги исплаши тетовци. Лондонскиот тим со 5-2 славеше на гостувањето кај Саутхемптон во меч од Премиерлигата, а Кејн и Сон беа главните ѕвезди.

Кореецот даде четири гола, при сите негови погодоци асистент беше Кејн. Потоа и Кејн даде гол, откако при 0-0 му беше поништен еден погодок. Првпат во историјата на Премиерлигата се случи еден играч да има четири асистенции до друг соиграч на еден ист меч.

Кејн стана прв Англичанец во историјата на Премиерлигата со четири асистенции на еден меч. Во целата претходна сезона Кејн имаше само две асистенции, а само денеска негови четири додавања беа крунисани со голови на феноменалниот Сон. За домашните, двата гола ги даде Ингс и тоа беа првиот и последниот гол на денешната голеада.

Ова е четвртиот гол на Сон по одличното додавање од Кејн:

https://twitter.com/i/status/1307658936456294400

- Оглас -

Најнови вести