Шкендија нема избор, головите се единствен спас

Дуделанж – Шкендија (Квалификации, Лигата на Европа, 17.55 часот)

Последниот воз за Шкендија е во Луксембург, а мора да се победи на „Жози Бартел“, и тоа со најмалку два постигнати гола. На прв поглед тоа изгледа тешко, но не е и невозможно, иако негативата од Скопје од 1:2 не е мала.

Проблем за Шкендија е што немаат класичен шпиц, па се мачат со реализацијата. И против Дуделанж и со Номе Калју претходно утнаа доста шанси, а головите ги дава Агим Ибраими од пенал.

Дуделанж и општо фудбалот во Луксембург многу напредуваа во последно време, а токму денешниот противник лани успеа да се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа како прв клуб од оваа земја.

Денеска од навивачите ќе се прости одличниот Данел Синани, кој ѝ даде гол на Шкендија на првиот меч, а ќе потпише за белгискиот Сент Труден.

Ако Шкендија не успее да мине понатаму, тогаш ова може да биде меч за простување за Висар Муслиу, кој е во преговори со МОЛ Види.

Шкендија е фаворит според коефициентите во сите обложувалници, но мора да направи подвиг што го нема досега во 18 учества на европската сцена, а тоа е да мине понатаму по пораз на домашен терен.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.30)

 

Макаби Тел Авив – Клуж (Квалификации, Лига на шампиони, 19.00 часот)

Првиот меч во Романија имаше чуден тек и домаќините победија со единствениот директен удар кон голот на Макаби. Гостите имаа неколку шанси, но изостана реализацијата, па сега ќе имаат тешка задача да ја анулираат незгодната негатива без постигнат гол на гости.

Макаби ќе го игра мечот во Нетања, но ќе има голема поддршка од своите навивачи. Тренерот Владимир Ивиќ не може да смета на Николиќ, Голаса и Ацили, но Израелците имаат солиден состав што повторно сака да игра во Лигата на шампионите. Тие се еден од трите клуба од Израел што имаат учество во луксузното европско натпреварување, а настапуваа и во Лигата на Европа, па искуство не им недостасува.

Клуж има одличен резултат од 1:0 и што е најважно за нив, не примија гол на домашен терен. И тие како и Макаби веќе настапуваа во фазата по групи во Лигата на шампионите и ќе сакаат реприза. Во топ форма е Билел Омрани и тој ќе биде главен адут во контранападите на Клуж денеска во Нетања.

Предлог тип: 1Х&2>1 (2.90)

 

Динамо Загреб – Сабуртало (Квалификации, Лига на шампиони, 20.00 часот)

Тренерот Ненад Бјелица создаде моќен тим за балкански прилики, а Динамо оддамна купува квалитетни странци. На „Максимир“ се врати Иво Пинто од Норвич, а пристигна и швајцарскиот репрезентативец Франсоа Мубанџе од француски Тулуз.

Предводени од капитенот Аријан Адеми, популарните Модри играат модерен, одличен фудбал и не знаат за пораз долго време. Со рутинска игра славеа во Тбилиси со 2:0 против Сабуртало и треба да се случи светско чудо да не се пласираат во следната фаза на патот до нов настап во Лигата на шампионите.

Бјелица пак нема да може да смета на извонредниот млад репрезентативец на Шпанија Дани Олмо, има уште неколку играчи што не се подготвени за настап, но Динамо и во Грузија покажа дека е неколку класи подобар од Сабуртало.

Предлог тип: 1&3+ (1.47)

 

Базел – ПСВ Ајндховен (Квалификации, Лига на шампиони, 20.00 часот)

ПСВ Ајндховен направи мало чудо на првиот меч и со два гола во последните моменти од мечот го победи Базел со 3:2. Холандскиот тим игра ултранапаѓачки, а сличен стил има и Базел.

И двете екипи даваат и примаат доста голови, па на мака ќе бидат одбраните на „Сент Јакоб“ во Базел. Интересно е што претходно, пред овој двомеч за ЛШ имаат играно само еден меч, и тоа пријателски и Базел победи со 3:2 со погодок во 93-тата минута.

И Марсел Колер и Марк ван Бомел малку и калкулираа на мечевите што ПСВ и Базел ги играа викендов. Бомел остави на клупата неколку стандардни првотимци и загуби од Ајакс со 0:2 во меч од Суперкупот на Холандија. Тоа го направи и доживеа пораз и Марсел Колер. Базел загуби од Сент Гален со 1:2 на домашен терен, а играше со доста резерви.

Денеска не може да се калкулира, а и двете екипи имаат подеднакви шанси за пласман понатаму. Головите се најреална опција и ќе типуваме дека ќе ги има доста на „Сент Јакоб“.

Предлог тип: 1+I&2+II (2.45)

 

Олимпијакос – П’лзењ (Квалификации, Лига на шампиони, 20.30 часот)

П’лзењ беше подобриот тим на првиот меч, но сега има големи проблеми во дефанзивниот дел и ќе мора да игра без искусните Хубник и Цисовски, а отсутни се и Чермак, Хавел и Екпаи, што само ги зголемува проблемите на тренерот Павел Врба.

Олимпијакос нема пораз на свој терен на жешкиот „Георгиос Караискакис“ во Пиреа и е фаворит за победа и пласман понатаму. Вицешампионот на Грција купи тројца многу солидни играчи, Силва, Валбуена и Бруно, па се надева на нов настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.

П’лзењ не е наивен противник, во последните неколку години се редовни учесници во ЛШ и ЛЕ, но Олимпијакос ќе има предност и поради добриот резултат од првиот меч што заврши без голови и поради огромната поддршка од публиката.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.00)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести