14.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Шкендија немаше милост против младинците на Македонија ЃП, Силекс броеше до пет против Шкупи

Шкендија со убедливи 7:2 славеше над Македонија Ѓорче Петров во меч од 13-тото коло на Првата фудбалска лига на Македонија. Ништо поинаку не беше и на вториот дуел кој се играше денеска, во Кратово, Силекс со 5:1 го победи Шкупи.

Уште пред да започнат двата денешни натпревари, победниците беа познати. Македонија ЃП е во „нокдаун“, па на гостувањето во Тетово замина со младинскиот состав. Покрај деветмината младинци, во стартниот тим беа и двајцата интернационалци од Колумбија, кои немаа шанси да му парираат на актуелниот македонски првак.

Шкендија водеше со 3:1 на полувреме, а голеадата продолжи и во вторите 45 минути, на крајот на стадионот во Тетово беа видени девет гола, а домашниот тим се радуваше на триумф од 7:2.

Слично како во Тетово беше и во Кратово. Силекс беше апсолутен фаворит против последнопласираниот Шкупи и не дозволи никакво изненадување. Уште во првото полувреме Силекс поведе со 4:0, а потоа во вториот дел без многу мака рутински стигна до посакуваните три бода.

- Оглас -

Најнови вести