Шкендија од позадина ја прави тројна трката за титула, Вардар одвај победи

Шкендија во Автокоманда го победи Скопје со 2-0, двата гола беа постигнати со шутеви од надвор од 16-никот, па сега тетовскиот тим е на достижни пет бода негатива зад лидерот Струга Трим Лум, и има шанси за титула како и стружани и вториот Шкупи.

Според формата во последните пет кола, Шкендија е подобра од Шкупи и Струга, па со право се надева дека може да биде и шампион, бидејќи има уште доста да се игра.

Замрсено е и во втората лига. Денеска Вардар се намачи на гостувањето кај Локомотива на неутрален терен во Кичево, но со гол на Жоглев во 95-та минута победи со 2-1, и остана лидер на табелата со четири бода пред Гостивар, а пет пред Воска која има и меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести