-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Шкендија оди во напад: купи офанзивец, а се раздели со дефанзивец

Актуелниот македонски фудбалски првак, Шкендија, денеска објави договор со нов странски играч и разделба со еден нивен досегашен член.

Нов играчи на тетовскиот клуб е Фахд Нѕенге, 25-годишен напаѓач од Габон кој доаѓа од Брера Струмица. Договорот со него е на 2,5 години. Есенва Габонецот имаше 8 голови и две асистенции на 16 меча.

Од друга страна, Шкендија потврди дека се разделила со дефанзивецот Егзон Белица. Играчот и раководството, во заеднички разговор, оценија дека во овој момент е во интерес на двете страни фудбалерот да бара средина каде што ќе има повеќе простор за игра. 

- Оглас -

Најнови вести