Екипата на Шкендија денес на гостински терен во Абовјан, Ерменија, го започнува новиот настап на европска сцена, во квалификациите за Конференциската лига. Противник на поранешниот шампион на Македонија е амбициозниот ерменски проект, Ноах, екипа со голем број странци, но без резултати на европска сцена.
Ерменците досега само двапати играле во европските фудбалски купови. Во ковид-сезоната во еден меч испаднале од казахстанскиот Каират со 4-1 во Лигата на Европа, додека следното лето се поразени од претставникот на Финска, Купс, во Конференциската лига со вкупни 5-1, откако на домашен терен победиле со 1-0, а потоа на гости загубиле со 5-0.
За нив ова е враќање во Европа по две години, но и покрај лошите резултати, квотите велат дека Ноах е фаворит против Шкендија со квота за победа од 1.99. Нерешениот резултат во Абовјан има квота од 3.40, додека победата на Шкендија има квота од 3.35.
Натпреварот помеѓу Ноах и Шкендија се игра со почеток во 18 часот.