-0.2 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Шкендија победи пред „празни“ трибини: Само на два меча од КЛ имаше помалку публика

Шкендија со победата од 2-0 над Слован Братислава може да се надева дури и на европска пролет, но она што загрижува се празните трибини на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Победата над минатогодишниот учесник во лигашкиот дел од Лигата на шампионите во живо ја видоа само 1.497 гледачи, колку што е запишано во официјалниот записник од мечот. Ова е најслабата посета на меч на Шкендија во Конференциската лига оваа сезона, а ако се погледнат бројките од останатите натпревари кои се играа синоќа, само на два натпревари имаше помалку гледачи.

Најмалку гледачи имаше на натпреварот помеѓу Линколн и Сигма Оломоуц, само 686, но оваа бројка е разбирлива ако се знае дека Гибралтар има само 30.000 жители, а интересот за фудбал е минимален.

Вториот меч со помала посета од Шкендија е дуелот на Брејдаблик и Шемрок роверс, на кој имаше 1.003 гледачи. И тука некаде доаѓа мечот на Шкендија и Слован Братислава со 1.497 гледачи, а оваа бројка е, пред сè, благодарение на двете навивачки групи.

- Оглас -

Најнови вести