Шкендија победи, Вардар повторно е оштетен во големото дерби?

Шкендија го доби дербито со Вардар со голот на Омар Имери во 22. минута, но гостите имаат право да жалат, особено за евроголот на Филип Најдовски во 36. минута, кој не беше признат.

Оштететен ли е Вардар и тоа вторпат по ред против Шкендија, откако и на скопскиот меч лани на Шкендија и беше признат гол во сомнителна позиција.

Најдовски упати бомба од 40-на метри и веројатно топката заврши зад гол-линијата, но погодокот не беше признат. Шкендија сега има големи 8 бодови предност и е на прагот да ја одбрани титулата.

Во останатите мечеви Работнички и Ренова, односно Победа и Беласица ремизираа со идентични 1:1, Академија Пандев ја победи Македонија Ѓорче Петров со 3:0, а Силекс и Шкупи одиграа нерешено, 2:2.

Табела: Шкендија 43, Вардар 35, Академија Пандев 33, Работнички 27, Шкупи 24, Ренова 22, Македонија Ѓ.П. 21, Силекс 19, Победа и Беласица по 18.

- Оглас -

Најнови вести