Шкендија со 2:1 победи на гости во Кратово против Силекс во меч од 19 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со овој триумф Шкендија сега стигна до 45 бодови и е најблиску до лидерот Вардар кој има 51 бодови. Силекс по овој пораз остана со 35 бодови на четвртото место на табелата.
Голгетерот на Шкендија Тамба во 17 минута донесе радост за гостите од Тетово, но кратовци не се предадоа. Во финишот на првото полувреме, Бутуровиќ израмни на 1:1.
Во второто полувреме двете екипи имаа шанси да стигнат до победа, а клучниот момент се случи во 78 минута кога Арбен Зејнулаи погоди за голема радост на Шкендија.

