Шкендија победи во Струмица и се искачи на лидерското место на табелата

Екипата на Шкендија со 2:0 ја победи Брера и тоа на теренот во Струмица, во меч со кој се комплетираше третото коло на Прва фудбалска лига на Македонија. По првото полувреме немаше погодоци, но на почетокот од вториот дел, гостите стигнаа до предност.

Младиот 21-годишен нашаѓач Фитон Адеми погоди за водство од 1:0 на Шкендија. сите дилеми околу победникот беа решени во 63 минута кога повторно Адеми погоди за 2:0, а потоа тетовци со рутинска игра стигнаа до трите бода.

Со оваа победа Шкендија се искачи на првото место на табелата со 7 бодови и најдобра гол разлика. Ова коло беше во знакот на дербито на Чаир каде Шкупи убедливо со 3:0 го победи Вардар. 

 

- Оглас -

Најнови вести