Шкендија на дербито во Тетово славеше против Силекс со 2-0. Тоа е трет пораз во низа за кратовци.
Бесарт Ибраими во 50-тата минута постигна прекрасен гол, а домаќините во судиското продолжение го потврдија триумфот.
Работнички и Брера приредија вистинска голеада на Арената, а на крајот се радуваа гостите од Струмица кои славеа со 3-4.
Брера поведе уште во петтата минута на Арената. Кире Михаилов искористи невнимание во одбраната на Работнички и со прецизен удар ја погоди мрежата на Василев.
Домашните стигнаа до израмнување во 27.минута. Флоријан Кадриу беше снаодлив, го мина голманот Вргов и постигна погодок.
Но, финишот на првиот дел и припадна на Брера. По сугестија на ВАР собата, судијата Крумислав Ѓорѓиев гледаше ситуација во шеснаесерникот на Работнички и досуди на белата точка. Пеналот го реализираше Ричард Нзенгуе во 42.минута.
Непосредно пред одморот, Наумчески со удар со глава по корнерот од десната страна погоди за 1-3.
Во вториот дел Работнички притисна, Трајков постигна гол, но по прегледот во ВАР собата не беше признат поради игра со рака.
Во 72.минута беше досуден пенал за Работнички, а Демир Имери успешно реализираше.
Само три минути подоцна, Брера ја врати предноста од два гола. Грешката на Васко Василев ја искористи Ричард Нзенгуе за 2-4.
Но, и тоа не беше се. Во 78.минута, Демир Имери постигна прекрасен гол од слободен удар, откосо од десната страна.
До крајот Работнички притискаше за израмнување, но Брера се одбрани.