Шкендија игра одлично и без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими и денеска, од 13 часот, ќе игра дома против Академија Пандев за осма победа во низа.
Тетовци од почетокот на октомври имаат само еден пораз, но и тој не е во првенствен меч од нашата најсилна лига, туку во првиот полуфинален меч во националниот куп од Победа.
Импресивната серија од 7 победи, актуелниот шампион ја почна против Вардар на 21-ви октомври и оттогаш ги надигра и останатите 6 ривали против кои играше. И денеска се фаворити против Академците на Пандев, екипа која им задава маки во меѓусебните дуели. Последните два завршија нерешено, а Шкендија има една победа повеќе.
Второто дерби од 17-тото коло е меѓу Вардар и Победа во Скопје, а играат старите ривали со многу меѓусебни дуели, и тоа интересни.
Најтрофејниот македонски клуб е фаворит, во минатото коло ја прекина серијата од 3 меча без победа, а има одличен скор против Победа, кога прилепчани гостуваат во Скопје. Последните 3 меча ги доби Вардар, и тоа со одлична гол-разлика од 11:0.
Двојки, 17-то коло, денеска од 13 часот:
Шкендија – Академија Пандев
Вардар – Победа
Шкупи – Ренова
Македонија Ѓ.П. – Силекс
Беласица – Работнички
Табела: Шкендија 37, Вардар 31, Академија Пандев 26, Работнички 23, Ренова 20, Шкупи 19, Победа, Македонија Ѓ.П и Беласица по 17, Силекс 14.