6.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Шкендија поразена од Рајо Ваљекано на дебито во групите од Конференциската лига (Видео)

Македонскиот првак Шкендија доживеа пораз (2-0) од Рајо Ваљекано на дебито во групите од Конференциската лига на УЕФА. Првото полувреме пресуди, со оглед дека шпанскиот прволигаш во тој период обезбеди предност од два гола.

Рајо поведе со голот на Унаи Лопез во 28-мата минута, а четири минути подоцна Фран Перес зголеми на 2-0.

Во вториот дел, Бубакар Гаје имаше уште неколку одлични интервенции и спаси поубедлив пораз. Рајо имаше десет директни удари кон голот на Шкендија, а македонскиот тим упати само еден прецизен удар. Рајо изведе 12 корнери, наспроти ниту еден за Шкендија. Тоа доволно го отсликува текот на натпреварот на „Ваљекас“.

- Оглас -

Најнови вести