24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Шкендија поведе, но ТНС израмни пред крајот на првиот дел

Македонскиот првак Шкендија има 1-1 против велшкиот претставник ТНС по првото полувреме на реванш натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Со оглед дека на првиот дуел немаше голови, сѐ уште има максимална неизвесност околу патникот во следната рунда.

Шкендија беше подобар тим, создаде повеќе шанси, но едно невнимание во одбраната беше доволно за ТНС да израмни. Љатифи погоди статива во третата минута и најави дека домаќинот сака победа.

Фабрис Тамба го отвори резултатот во корист на Шкендија во 18-тата минута. По ова, тимот на Јетон Беќири имаше контрола на мечот, но концентрацијата во одбраната падна во 38-та минута.

Едно невнимание беше искористено од Џордан Вилијамс, кој успеа да израмни на 1-1.

- Оглас -

Најнови вести