36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Шкендија пред невозможна мисија, ТНС реди само победи на свој терен во 2025 година

Македонскиот фудбалски првак Шкендија прв ќе ја отвори европската авантура во новата сезона. Тетовци вечерва од 20 часот ќе гостуваат кај екипата на ТНС. Велшкиот тим ја има улогата на фаворит, а тоа и не е чудно ако се знае дека се работи за екипа која посебно добро игра на свој терен.

Од постигнатите резултати во 2025 година, ТНС едноставно е перфектен кога игра пред своите навивачи. Велшкиот тим има биланс од 11 победи по ред пред своите навивачи.

Последниот пораз ТНС дома го претрпе од Панатинаикос со 0:2 во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА и тоа на 12 декември 2024 година. Од тогаш, па до сега ТНС одигра 11 меча пред своите фанови и секогаш победува.

И според квотите во Sport Life, ТНС е во улога на фаворит, но тоа не значи дека Шкендија оди со „бело знаме“. Тетовци сигурно ќе се обидат да покажат квалитет и да се обидат да стигнат до резултат кој ќе даде оптимистичка атмосфера пред реваншот кој ќе се игра следниот вторник во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести