Шкендија пристигна во Велс за дуелот со ТНС (Фото)

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва пристигна во Велс, каде следната недела ќе го одигра првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тетовскиот тим се смести во градот Освестри, каде во вторник (9 јули) од 20 часот ќе се соочи со домашниот првак ТНС.

Црвено-црните влегоа во натпреварувачкиот ритам со одлични подготовки, а атмосферата во тимот е на високо ниво. Стручниот штаб предводен од Јетон Беќири верува дека тимот е подготвен да ја започне европската авантура со позитивен резултат.

Шкендија ќе се обиде да избори добра позиција пред реваншот, кој ќе се игра на 15 јули во Скопје.

Очекувањата се големи, а навивачите на Шкендија со нетрпение го очекуваат стартот на новата европска приказна.

- Оглас -

Најнови вести