Актуелниот македонски првак Шкендија продолжува да ја полни клупската каса. По одличните настапи на европска сцена каде се избоди за место во нокаут фазата во Конференциската лига и заработи над шест милиони евра, Шкендија не мирува и кога се работи за трансфери на фудбалерите.
Тетовскиот тим договори во зимскиот преоден рок кој започнува на 1 јануари, да го продаде Клисман Цаке. Албанскиот централен дефанзивец има активен договор со Шкендија уште шест месеци, а на Шкендија реши да го продаде во Ахмат Грозни во руската Прва лига. Според шпекулациите, цената на трансферот е 400.000 евра, што секако е одлична сума за играч чиј договор истекува на крајот од сезонава.
Цаке оваа сезона во дресот на Шкендија одигра 12 меча, од кои шест беа во рамките на Конференциската лига на УЕФА, а со своите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови кои беа заинтересирани за него.
Ахмат Грозни, кој се наоѓа на 8. место на табелата во руската Премиер лига, а со Цаке ќе потпише договор на три години.

