Тетовска Шкендија доколку го добие двомечот против АИК од Стокхолм, ќе се соочи со Фенербахче, односно Словачко во битка за пласман во групите од Лигата на конференции.
Тимот предводен од Артим Шаќири според едно посакувано сценарио би ги одмерил силите со турскиот гигант, каде што нов фудбалер е македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Македонскиот првак Шкупи, доколку претрпи елиминација од Шамрок во третото коло од Лигата на Европа, во плејофот во ЛК ќе се сретне со Балкани или Клаксвик.
Плејоф-натпреварите се предвидени за 16 и 25 август. Шкендија инаку за два дена гостува во Стокхолм, а седум дена потоа во Скопје ќе го пречека шведскиот тим во реваншот.