Шкендија против Шкендија, Вардар против бранителот во осминафиналето на Купот

Ждрепката за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија донесе неколку интересни парови, на кои ќе биде интересна битката за пласман во следната фаза.

Бранителот на трофејот, Тиквеш, ќе гостува во Скопје кај Вардар, ќе има дуел на поранешните освојувачи на Купот, Силекс и Шкупи, а една против друга ќе се сретнат и двете Шкендии, тетовската против онаа од Арачиново.

Двојките се: Брера Струмица – Беса, Вардар – Тиквеш, Гостивар – Брегалница, Пелистер – Детонит Плачковица, Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново, Струга Трим Љум – Македонија Ѓорче Петров, Силекс – Шкупи, и Арсими – Воска Спорт.

Натпреварите ќе се играат на 23 октомври во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести