Шкендија револтирана: Министерството за спорт за 70% ја намалува поддршката за фудбалот

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија изрази незадоволство поради драстичното намалување на финансиската поддршка за фудбалот за 70%, во најновата одлука на Министерството за спорт.

„Шкендија Тетово изразува длабоко незадоволство и загриженост поради одлуката на Министерството за спорт во врска со категоризацијата на спортовите и драстичното намалување на финансиската поддршка за фудбалот за 70%.

Во официјалната изјава клубот нагласува дека оваа одлука претставува сериозен удар за фудбалот, кој е спорт со најголеми инвестиции во државата и со големо социјално влијание.
Шкендија ја осудува оваа одлука како скандалозна и директен напад врз фудбалските клубови во земјата.

Неправедна категоризација: Фудбалот е рангиран како четврти спорт во државата, што, според клубот, не го одразува неговото значење и популарност.
Проблеми во инфраструктурата и недостиг на поддршка: Освен намалената финансиска поддршка, клубовите се соочуваат со недостаток на модерна инфраструктура и немање на системот ВАР.

Апел за ревизија на одлуката: Клубот бара категоризацијата да се преразгледа и фудбалот да добие соодветна поддршка, согласно инвестициите и придонесот што го прави кон државата.

Шкендија ги повикува и останатите фудбалски клубови да се обединат во заеднички протест против оваа одлука, за да се обезбеди праведно и еднакво финансирање за фудбалот. Воедно, клубот упатува апел до надлежните органи да рефлектираат и да ја исправат неправдата со цел да се овозможи понатамошен развој на фудбалот и младината во земјата“, се вели во соопштението на Шкендија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести