Шкендија рутински ја надигра Беласица, Вардар освои само бод во Чаир

Со головите на Бејтулаи и Ибраими, Шкендија триумфираше против Беласица со 2-0 и продолжи во победнички ритам. Тетовци со десеттата победа сезонава се зацврстија на чело на табелата во Првата лига со 36 бода.

Шкендија имаше и помош од актуелниот првак Вардар за зголемување на бодовната предност со Шкупи. Црвено-црните ремизираа при конечни 1-1 на гостувањето кај Шкупи во Чаир.

Мицевски погоди во 77-мата минута за гостите и така составот на Васоски се најде пред победа, меѓутоа Дарбо на истекот на регуларните 90 минути успеа да го спаси Шкупи од пораз.

Работнички со сигурни 3-1 беше подобар од Ренова, Академија Пандев славеше со 2-1 против Борец, со идентичен резултат победи Македонија ЃП против Пелистер, додека немаше голови во дуелот Силекс – Струга Трим Лум.

- Оглас -

Најнови вести