26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Шкендија се намачи, но го победи Башкими

Актуелниот македонски првак Шкендија го победи Башкими со 2-1 во Тетово, во воведниот меч од петтото коло во Првата фудбалска лига. Тимот на Јетон Беќири не блескаше по репрезентативната пауза, но, сепак, успеа да ги освои трите бода, а Башкими покажа дека може да биде сериозен ривал и против најдобрите во елитата.

Решат Рамадани ја доведе Шкендија во водство во 25-тата минута. Тој се најде на вистинското место по корнерот од десната страна и со удар со глава ја затресе мрежата на Башкими.

Во 53-та минута Фабрис Тамба зголеми на 2-0, но Башкими се врати во игра со гол од пенал што го постигна Нермин Хаџиќ во 76-тата минута. На ова претходеше интервенција од ВАР собата, од каде сугерираа дека играч на Шкендија играл со рака во шеснаесетникот во претходната акција.

По овој триумф, Шкендија има десет бода од четири одиграни натпревари во шампионатот. Тетовци имаат и еден одложен меч, против Работнички, од четвртото коло во Првата лига, кој ќе биде одигран дополнително во друг термин.

- Оглас -

Најнови вести