16.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Шкендија се намачи, но го победи Шкупи

Шкендија со 2:1 го победи Шкупи во меч од 12. коло во Прва македонска фудбалска лига. Тетовчани беа големи фаворити пред мечот, но на неутралниот терен во Струга, Шкупи покажа дека има квалитет и малку фалеше да направи изненадување.

По првото полувреме мрежите мируваа, а во вториот дел, први се израдуваа фудбалерите на Шкупи со погодок во 57 минута.

Тоа како да беше знак актуелниот првак да заигра многу подобро, ша следуваше израмнување. Фетаи израмни во 72 минута, а само осум минути подоцна, гостите го комплетираа пресвртот кога по асистенција на Тамба, погоди Латифи.

Со овој триумф, Шкендија стигна до 30 бодови и е на третото место на табелата, два помалку од Струга ТЛ, а три помалку од лидерот Вардар. Шкупи останува закован на дното на табелата со само еден бод.

- Оглас -

Најнови вести