Македонскиот прволигаш Шкендија почна со промените во ростерот. Тетовскиот клуб се раздели со десниот бек Башким Велија, чиј договор истече на крајот од сезоната и тој заминува како слободен агент.
На десната бековска позиција, Шкендија доведе ново засилување. Тоа е Александер Трумчи, кој доаѓа од албанскиот клуб Билиш.
Фудбалерите на Шкендија први ги стартуваа подготовките за новата сезона, во која тимот ќе има настап и во квалификациите за Конференциската лига.