Македонскиот првак Шкендија се засили со искусниот дефанзивец Егзон Белица. Играчот успешно ги мина медицинските прегледи и потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување доколку двете страни бидат задоволни.
За Белица ова претставува враќање во редовите на тетовскиот клуб, каде што настапуваше во 2013 година како едно од првите засилувања по влезот на компанијата „Еколог“ во клубот.
Подоцна ја продолжи кариерата во Интер Турку (Финска) и Рига (Летонија), стана шампион со Партизани Тирана во Албанија и го освои Купот на Косово со Приштина. Последните две сезони беше капитен на Работнички.
„Добре дојде назад, Егзон! Му посакуваме многу успех со црвено-црниот дрес,“ порачаа од Шкендија.