14.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Шкендија со гол во 92-ра минута дојде до историска победа во Конференциската лига

Со автогол на дефанзивецот Патрик Барет во 92-ра минута, Шкендија ја извојува својата прва победа во главна фаза од некој од европските купови.

Победата од 1-0 на тетовци им донесе три бода во Конференциската лига и значителна сума на пари.

Македонскиот првак вечерва на Националната арена во Скопје долго се мачеше да го најде патот до голот, а среќата им се насмеа во самиот финишот. Во втората минута од судиското продолжение кога Вебстер упати шут, а Барет ја сврте топката кон мрежата и го совлада сопствениот голман.

- Оглас -

Најнови вести