Шкендија со победата на гостувањето кај Победа со 1-3 во деветтото коло во Првата фудбалска лига, се наоѓа на делба на второто место на табелата.
Резултатот го отвори домашниот тим со голот на Ѓурковиќ во 12 минута, а во последните минути од првото полувреме, Шкендија преку Љупче Дориев дојде до израмнување.
Тетовските „црвено-црни“ беа подобар тим во второто полувреме и добрата игра ја крунисаа до два гола, првиот на Шаља во 53 минута, а вториот на Дориев во судиското продолжение и со 15 бода се наоѓаат на делба на второто место на табелата заедно со Силекс.
Силекс пак успеа да освои бод на гостувањето кај шампионот играјќи 0-0. Ова е втора нула по ред за Шкупи, откако во претходното коло беше без муниција против Шкендија.
Одличната форма ја потврди Тиквеш кој пред своите гледачи благодарение на головите на Темелков и Мишов со 2-0 го победи Скопје.
Вчера Македонија ЃП ја запре победичката серија на Струга ТЛ и одигра 1-1, а Работнички со 1-3 ја победи Брегалница.