Шкендија ремизираше 0-0 на гости против ТНС од Велс во првиот меч од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Двата тима имаа шанси во текот на средбата, но немаше гол и реваншот за една недела во Скопје ќе го одлучи патникот во следната рунда.
Ако Шкендија ги елиминира Велшаните, во наредното коло ќе игра најверојатно со ФЦСБ (некогашна Стеауа) од Букурешт, а ако испадне од ТНС, ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига против поразениот од двобојот на Дрита од Косово и Диферданж од Луксембург.