Со дуелот меѓу Шкендија и Пелистер попладнево од 14 часот во Тетово ќе се комплетира 20-тото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Двете екипи имаат свои мотиви за освојување на бодовите.
Шкендија е во добра форма и има пет победи по ред во домашното првенство, па се искачи на второто место со 45 бода на табелата и сега е најголем ривал на лидерот Вардар. Тетовци ќе бркаат три бода, а ако успеат да слават над Пелистер, ќе се доближат само на четири бода до првопласираниот Вардар.
Пелистер грчевито се бори за опстанок. Битолчани имаат само 20 бода, а сезонава на гости имаат само две победи и едно реми во девет дуели.
Традицијата вели дека кога играат овие два тима, Шкендија е голем фаворит за победа. Тетовци имаат шест победи и две ремија во последните осум меча против Пелистер.
На последните пет меѓусебни дуели Пелистер ниеднаш ја нема затресено мрежата на Шкендија, а интересно е дека во сите пет меча немало повеќе од два гола. Точно 500 минути има поминато откако последен пат Пелистер се израдувал на гол против Шкендија.

